Сестраност, достапност и удобност се одликите на оваа мала куќа од 30 м2, со совршен поглед на блискиот океан. Иако е со мала квадратура, во ентериерот се чувствувате како да е двапати поголема благодарејќи на дизајнот. Отворени прозорци, поглед на целото небо и едноставен и чист декор. Куќата е во Велика Британија, во предел со високи брегови, песочни плажи и неверојатни глетки. Исто така, на општиот впечаток за пространост влијае и големиот отворен простор – тераса каде се ужива во текот на денот кога сонцето грее и на која се пие најубавото кафе со уживање во погледот.
Најголем дел од просторот заземаат големите прозорци-ѕидови, кои се отвораат и даваат илузија на поголем простор.
Целиот простор е „осветлен“ со природно светло што му дава сјај на мебелот и на белите ѕидови, а во секој момент сте со сетилата во допир со океанот.
Дали сега верувате дека може да живеете на големо во така мал простор од 30 м2?! Единствено е нејасно како се живее во овој простор кога доаѓа долгиот дождлив зимски период.
Фешта, пешчана плажа,истотака,осеќате,атмосвера???? ај најдете ги грешките или користете лектор!
Лекторе, на тоа СЕ едно такво од горе, па празно место по интерпункција, благорадејќи наместо благодарејКи …