Оваа минималистичка дрвена куќа е поставена на местото на стара единечна кабинска куќа, која се наоѓа на земјиштето на една фарма во селото Викторија, Австралија.
Домот наречен “The Pump House” е сместен блиску до езерото, така што преку целосно отворената фасада се открива внатрешниот шармантен и топол простор кој воспоставува директна релација со природното опкружување.
Со гестот на денивелирање на бјектот од површината на земјата се воспоставува најмал допир со тлото. Со ова не само што се заштитува природата, туку просторот што се создава под куќата служи за складирање на потребните алати, дрво за огрев итн.