Насловна / Вести / Мала еколошки одржлива куќичка од 10 м2

Мала еколошки одржлива куќичка од 10 м2

Eko Kukja od 10 kvadrati2

Архитектите од “Tengbom Architects” осмислија студентската куќарка со површина од 10 м² која е достапна за секого, еколошка, енергетски ефикасна, одржлива и практична во однос на дизајнот и материјалите.

Eko kukja od 10 kvadrati3

Проектот е резултат на успешна соработка на прозведувачот од дрвна индустрија “Martinsons” и компанијата “AF Bostäder” која работи со недвижнини.  Со цел подобро да се одговори на потребите на студентите и да се најде одржливо и прифатливо решение, студиото “Tengbom” работеше на овој проект заедно со студентите.

Eko kukja od 10 kvadrati1

Иако просторот е ограничен на само 10 квадратни метри,  оваа куќарка нуди катче за спиење, кујна и купатило.

Eko kukja od 10  kvadrati

Со помош на ефикасен план на куќата и вкрстеното лепење на ламинатот од кој е направена, цената за сместување на студентите е исклучително ниска, а влијанието врз животната средина е минимално.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top