Насловна / Архитектура / Мала црвена куќа која разбива зелено опкружување

Мала црвена куќа која разбива зелено опкружување

Куќата наречена Casa 3000 се наоѓа во Португалија и е изградена во атар на површина од 500 хектари каде нема ништо освен шуми, ниви и ливади. Поради тоа постоењето на ова домаќинство изгледа помалку нестварно.

1
Комплементарните бои, зелена и црвена се во совршен склад. Зелената завзема поголема површина, но црвената со својот интензитет ефектно се истакнува. Архитектот Luís Rebelo de Andrade, кој го потпишува овој проект, го опишал овој имот како доминантен орјентир кој внел живост во оваа прилично еднолична област.

2
Куќата е едноставна, јасна, но впечатлива. Куќата доминира на теренот не само поради нејзиниот колорит туку и поради архитектурата која сто во контраст со рамниот едноличен терен. „Кога ќе го погледнете овој објект ви се наметнува помислата дека е инспириран од детски цртеж, а всушност е заснован на замислата на идиличниот живот во американска прерија“. вели архитектот за ArchDaily.

3

Не е детска игра

И покрај тоа што некој навистина ќе си помисли дека куќата е инспирирана од детски цртеж, кога ќе се погледне под хаубата, веднаш станува јасно дека оваа куќа технолошки припаѓа на 21, век. Имено, овој имот е проектиран, а пото и изграден така да за да се минимализираат трошоците и времето на изградба, а што поголем акцент да се стави на одржливоста на целиот комплекс. Многу сончеви португалски денови овозможуваат соларните панели на овој имот да генерираат повеќе енергија од потребната за функционирање на домаќинството.

4

Питом ентериер

Што се однесува до ентериерот, куќата делува попитомно и поприродно.

5

Иако се провлекува црвената боја од фасадата во ентериерот доминираат природни материјали како даб, ведри текстури, автентични детали од керамика.

7 8 6

Испрати коментар

Scroll To Top