Големината на апартманите не е секогаш важна, па така и малите станови можат да ги задоволат естетските и функционалните потреби на едно семејство. Најчесто, ваквите мали апартмани се наменети за млади луѓе, млади брачни двојки или брачни двојки со новороднче. Ви претставуваме еден ваков апартман кој не надминува 50 м2.
Овој апартман се развива на површина која не достигнува 50 м2 и е во сопственост на младо растечко семејство.
На дизајнерот воопшто не му била лесна задачата да оформи доволно простор за брачната двојка, како и за нивното мало дете.
Во овој апартман просторот може да се отвори или затвори со помош на подвижен ѕид, во зависност од делот на денот.
Овој апартман е малку посветол, користени се посвежи бои и посветли тонови, за да може полесно да им се допадне на децата.