Малите простори се идеални за најразлични потреби. Иако овие простори се чинат како природни решенија за почетоците на еден нов брак, ваквиот избор може да биде изненадувачки колку добро решение може да се добие во еден мал стан кој се простира на помалку и од 50 м2.
Овој стан се наоѓа во рускиот град Сургат и е дом на едно младо семејство. Во центарот на вниманието на овој простор е младото семејство, но и љубовта кон креативноста и уметноста.
Просторот во кој се сместени кујната и дневната соба е сосема мал, но е креативно и успешно поделен со помош на една завеса.
Мондријановиот мотив на ѕидот успева да го камуфлира телевизорот, а истовремено и да внесе живи бои во просторот.