Кога еден млад брачен пар го започнува својот заеднички живот, во поголем број од случаите се соочува со одредени проблеми. Најчести проблеми се недостаток на средства за сопствен и доволно комфорен простор.
Овој стан со помалку од 35 м2, го искористува својот простор на неколку инспиративни начини. Паркетот и грубо обработената тула која е поставена на видливи места, како и дречливо црвениот кауч и контрастно сините челични детали, му даваат динамика и свежина на овој простор.