Компанијата Studio H дизајнираше мал подвижен дом кој го стави на продажба на eBay со почетна цена од 10.000 долари. Овој подвижен дом зафаќа површина од само 10 метри квадратни и претставува енергетски ефикасна и еколошка структура. Фасадата е изработена од дрвени панели, а кровот и дел од фасадата од метални панели. Studio H изработила два идентични подвижни домови, од кои едниот е дониран со цел да се помогне на бездомниците, а другиот е ставен на продажба.