Инспирирани од компактната ефикасност на малите автомобили, тимот составен од истражувачи од Лондон и Минхен развиле концепт на микро-компактен дом (Micro-Compact Home) како краткорочно станбено решение за студенти, деловни луѓе и викенд туристи. Со елегантниот, минималистички и модерен дизајн, микро-компактниот дом веднаш привлече внимание и сега е во употреба ширум Европа. Животот во микро-компактниот дом значи фокусирање на основниот концепт дека помалку е повеќе, со сите погодности на домовите со микро димензии.
Не само што овие домови се мобилни, туку тие можат да бидат групирани заедно со цел да се создадат семејни единици, студентска населба во кампус, или дури и станбен комплекс. Со цена од 38.00 евра, оваа мала куќа ја интегрира во себе модерната технологија, не бара мебел а целиот простор за складирање е вешто сокриен во структурата на домот.