На огласот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ засега само 650 градежни работници се јавиле, а во план биле 1000.
Кај градежните компании интересот за стекнување на нивните работници со сертификати за енергетска ефикасност е мал.
Од Стопанската комора соопштија дека рокот се пролонгира до 27 ноември а сертификатите со кои ќе стекнат градежниците ќе имаат важност во Македонија, Хрватска и Словенија, но и во цела Европска Унија, што претставува дополнителен поттик градежните компании бесплатно да ги пријават своите работници и нивното искуство и образование да го запечатат со сертификат енергетска ефикасност.
Во оваа прилика, се поттикнуваат градежните компании да ја искористат можноста која ја дава овој проект за бесплатно да ги пријават своите работници кои веќе имаат стекнато искуство и образование да се стекнат со сертификати за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност.
Со добивање на сертификат градежниците има може да се препознаваат по претходно стекнатите знаења со кој ќе се потврди дека се обучени за енергетски ефикасна градба за занимањата фасадер, мајстор за покриви, столар, инсталатер на греење и климатизација и електричар.
Доколку сте заинтересирани за сертификат за енергетска ефикасност може да го се пријавите на веб-страницата www.pin.mk или со лична достава до Стопанската комора на Македонија или, пак, до партнерите на проектот за сертифицирање на претходните знаења за енергетска ефикасност, а еден кандидт може да се пријави за повеќе занимања.