Големината на апартманите не е секогаш важна, па така и малите станови можат да ги задоволат естетските и функционалните потреби на едно семејство. Најчесто, ваквите мали апартмани се наменети за млади луѓе, млади брачни двојки или брачни двојки со новороднче. Ви претставуваме еден ваков апартман кој не надминува 50 м2.
Овој апартман се одликува со тоа што речиси не користи бои. Со само неколку елементи во боја, овој апартман дава впечаток на многу простран простор.
И покрај тоа што во овој апартман е одвоен доволно голем дел од него за спалната соба и бањата, во секој случај тој претставува едно модерно решение кое е уникатно по својот изглед.