Велат дека потребата е мајка на изумот. Кај овој стан кој е помал од 50 м2 дизајнерот морал да воведува иновации за од овој мал простор да направи дом кој ќе биде функционален а истовремено ќе има и модерен дизајн.
Овој стан е проектиран за млад брачен пар а истиот се простира на околу 40 м2. Во еден стан кога живеат две лица, секогаш е потребен некој степен на одвоеност. Ова е постигнато со поставување на две работни површини. Секако, парот и натаму мора да го дели својот удобен кревет, трпезаријата, и едната модерна „јајце“ столица.