Велат дека потребата е мајка на изумот. Кај овој стан, кој е помал од 50 м2, дизајнерот морал да воведува иновации за да направи дом од овој мал простор, кој ќе биде функционален а истовремено ќе има и модерен дизајн.
Овој стан се наоѓа во Полска и се простира на само 41 м2. Просторот е наменет за млад брачен пар кој води еден мобилен, стресен и зафатен животен стил. Опремен е со релативно евтини кујнски и елементи за во бањата.
На сметка на тоа, тука се употребени поскапи дизајнерски парчиња на мебел, кои му даваат на просторот модерен и шик изглед.