Кога станува збор за проектирање на удобни станови, тогаш може да се предложат безброј иновативни решенија кои одлично би одговарале на таквите простори, но, кога станува збор за проектирање на екстремно мали простории, тогаш иновативноста на дизајнерите доаѓа до вистински израз.
Овој апартман е дело на сопственикот, кој по професија е архитект.
Поради малата површина овој стан се развива на две нивоа.
На горното ниво се наоѓа спалната соба која е отворена, додека на долното ниво се сместени минималниот дневни простор, кујната, бањата и работниот простор кој е сместен под скалите.
Во овој стан дрвото е употребено во изобилство.