Насловна / Вести / „Макстил“ денеска ги исклучи погоните

„Макстил“ денеска ги исклучи погоните

makstil

Фабриката „Макстил“ денеска запре со работа откако на фабриката не и била испорачана технолошка вода од страна на доставувачот РЖ Услуги.
Како што соопштија од компанијата, фабриката денеска престанала со производство на планираното количество на челичен полуфабрикант.
Во соопштението пишува дека доставувачот на вода без никакви најави двојно ја зголемил цената за дистрибуција на технолошка вода и ги одбил сите обиди за преговори и за решавање на проблемот поради што фабриката морала да ја запре работата.

Испрати коментар

Scroll To Top