Во населбата Скарпнак што се наоѓа во јужниот дел на Стокхолм, се гради голем технолошки центар на податоци. Бидејќи компјутерите брзо се загреваат, Швеѓаните дошле до идеја да ја искористат таа, инаку „бескорисна“ енергија. Со помош на ваквата топлинска енергија од компјутерите ќе се грејат околу 30.000 домаќинства.
Енергетската компанија „Фортум“ која го води проектот, предвидува дека компјутерите во иднина би можеле да загреваат и повеќе од 10% од куќите и зградите. Со тоа, градските советници одлучиле да отворат повеќе компјутерски центри во Стокхолм.
Главниот град на државата, чиј слоган е „во чекор со времето“, со ова ќе стане еколошки понапреден. Тие веќе голем дел од топлината ја добиваат преку преработка на отпадот.