Дизајнерка на овој максимално функционален стан, кој истовремено е класичен и луксузен, е руската архитектка Кристина Ремизов. Овој стан се наоѓа на атрактивна локација во центарот на Москва и располага само со 20 м2.
Секоја педа од овој стан ја задржува својата силна и авантуристичка карактерност. Неколку од карактеристиките на овој стан се зебрестите принтови на одредени парчиња од мебелот и тепихот, но исто така и тоа што просторот е максимално функционално пополнет.
Во овој мал простор се поставени седечка гарнитура, ТВ комода, работна маса, трпезариска маса во вид на шанк, сите потребни кујнски елементи итн.
Преодот од еден во друг простор е речиси незабележителен поради малите површини со кои овие делови располагаат и со нивно навлегување едни во други.
Материјализацијата е главно од природни материјали како текстил, дрво и кожа, а истовремено станот е и добро осветлен.