Индустриска деловна зграда во Амстердам доживеа трансформација во апстрактен фанки простор измешан со бранови од крзнена волна и шарени уметнички ентериери. Бидејќи бирото Studio Noun работи на уметност, таписерии, дизајн на мебел, ентериер и просторен дизајн, овој простор дал можност сето тоа да се имплементира. Додека постоечката деловна зграда во Амстердам се враќала во нејзината срж, корпоративниот идентитет на компанијата е преточен во дизајн кој оддава „максималистички смело апстрактно и модернистичко чувство“.
Канцеларијата е проектирана за технолошка компанија во Амстердам со назив CVMaker и содржи комбинација од отворени и работни простори, соби за состаноци, бар, игралишта, простор за растегнување и теретана, заеднички простори со отворен план и простории за настани кои можат да се користат и за конференции.
„Сакам да создавам мултидисциплинарни, но фанки дизајни, а истовремено чувствувам потреба да додадам нешто дополнително со меки слоеви волна“, вели авторот за ArchDaily и додава:„Модернизмот со фанки ритам прекрасно се обликува со прскање на бои и нови непознати предмети и изработки од многу остатоци или вегански материјали. Избрав темно сина боја за ѕидовите и го искористив ова темно небесно сино за да ја подобрам светлината што доаѓа“.
Во текот на процесот на проектирање препознатливи се кружната форма и затемнетата боја. Судир на светли бои и ретки фанки предмети се просторот за добредојде на влезот од канцеларијата. Врамување со дрвен под, жолт и зелен околен дел за состаноци, ѕидови и необработени плафони создаваат простор со шарен контраст.
На ѕидовите низ внатрешноста се додадени неколку уметнички акустични таписерии од рачно изработени вегански предива од еукалиптус. Тие се комбинирани со винтиџ мебел за да му дадат на просторот апсурдно чувство. Развиен е и визуелен јазик на уличната уметност за да се создаде иконографија и натписи за персоналот и гостите лесно да се движат низ канцелариите. Додадено е неонско технолошко чувство за да се создаде уште понеобичнаи чудна атмосфера, а има и поголема игротека каде може персоналот да ужива. „Сакав да се оттргнам од општата перцепција за тоа како треба да изгледаат канцелариските простори во денешно време“.
„Просторот или објектот што го создавам никогаш не е само со еден слој. Тоа е повеќеслоен пејзаж со мешавина од разиграни дизајни за инспиративно чувство. Овде целта беше сите вработени да се извлечат од нивниот технолошки свет во ново искуство секој ден“. Шарените канцелариски ентериери се во пораст, а овој конкретен простор создаден е за помалку од шест месеци.
Со партнери на проектот 3D внатрешен дизајн Leonie Goedermans и дизајнерите Teun Zwets, vintage BestWelHip, Jan Jongejans, Harewood, уметникот Rutger de Regt и дизајнерите Schaft & Bold, овој простор претставува единствена поставка на занаетчиска изработка.