Франција оваа седмица треба да ја претстави законската рамка за забрзување на административната постапка за проекти за енергија од обновливи извори, вклучувајќи и решенија како што е искористување на локации на паркиралишта покрај автопатиштата. Претседателот Емануел Макрон го објави овој план при свеченото отворање на првиот офшор ветерен парк во оваа земја (Parc éolien en mer du Banc de Guérand, 480MW), и побара брзината на издавање на дозволи да се удвои.
Целта е Франција до 2050 година да има 50 ветерни паркови на вода, со вкупна инсталирана моќност од 40GW. Соочена со недостаток на електрична енергија, владата има намера десет пати да ги зголеми капацитетите на соларни електрани и да го дуплира капацитетот на ветерни електрани на копно. Макрон истакнал дека е потребно да се забрзаат процедурите и за нуклеарните електрани. „Не може да се функционира ниту исклучило со обновливи извори на енергија, ниту исклучиво со нуклеарки“, нагласил Макрон. Нуклеарните електрани инаку произведуваат две третини од електричната енергија во Франција, но сушното лето го оневозможи ладењето на постројките, па земјата стана нето увозник на електрична енергија.