Насловна / Вести / Макрон: Франција ќе изгради 14 нови нуклеарни реактори до 2050 година

Макрон: Франција ќе изгради 14 нови нуклеарни реактори до 2050 година

Емануел Макрон најави ренесанса за француската нуклеарна индустрија, со амбициозна програма за изградба на дури 14 нови реактори, тврдејќи дека тоа би помогнало да се прекине потпирањето на фосилните горива и Франција да стане јаглеродно неутрална до 2050 година. Францускиот претседател од кого се очекува да ја објави својата кандидатура за реизбор, свесен е за растечките дебати за енергетиката во очи на претседателските избори, бидејќи трошоците за потрошувачите растат. Прашањата за животната средина исто така се повеќе ги загрижуваат француските гласачи.

nucl1

Нуклеарната енергија обезбедува околу 70% од француската електрична енергија, а евтината нуклеарна енергија била база на француската економија уште од 70-тите години на минатиот век. Макрон вели дека француските нуклеарни рекатори се „ненадминати“ во својата безбедност и дека одлуката за избор на нови нуклеарни реактори е „избор за напредок и доверба во науката и технологијата“. Тој исто така најавил и големо забрзување во развојот на соларната енергија и енергијата од ветерот.

nucl2

Француската влада силно и успешно лобираше да ја натера ЕУ да ја означи нуклеарната енергија како „зелена“, што значи дека ќе може да добива средства како климатски прифатлив извор на енергија. Од друга страна, претседателскиот кандидат на „зелените“ вели дека е морален императив да се заврши зависноста на Франција од нуклеарките, со цел да се заштити климата и безбедноста на граѓаните.

nucl3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top