„Макпетрол“ го промовираше новото гориво метан, кое не содржи ароматски соединенија, сулфур и олово и нема потреба од негово рафинирање и адитивирање. Емисијата на јаглероден диоксид е од 25 до 30 проценти помала од онаа кај бензинот и практично нема сулфур и пепел при неговото согорување.
„Двата силни фактори што ја наложуваат широката и перспективна примена на метанот се економичноста и заштитата на животната средина. Всушност просечен автомобил со погон на метан што би трошел 5 до 6 килограми метан со сегашна вредност од 170 денари, за автогас или бензин би потрошил 290, односно 620 денари“, беше истакнато на промоцијата на новото гориво на „Макпетрол“.