„Зупаграфика“, креаторите на хартиени макети на објекти од Лондон, Париз, Варшава и Катовице, неодамна лансираа нов сет макети посветени на бруталистичката архитектура во некогашните социјалистички источноевропски земји, под насловот „Brutal East“. Изработени од еко хартија, овие модели вклучуваат и кратко претставување на архитектите и историјата на самата изградба на објектот. Можете сами да го изберете омилениот објект со помош на сетовите достапни преку Zupagrafika’s online shop.
„Романита“, Кишињев, Молдавија
Куќа на Советите, Калининград, Русија
Комплекс „Менхетн“, Вроцлав, Полска
Извор: Arch Daily