Насловна / Арт и дизајн / Макети на Lamborghini Countach LP400 и Revuelto поскапи од новиот модел на Toyota Corolla

Макети на Lamborghini Countach LP400 и Revuelto поскапи од новиот модел на Toyota Corolla

Најдеталните реплики на моделите Lamborghini Countach LP400 и Revuelto во размер 1:8 се конструират рачно 400 часа и може да чинат повеќе од вистинска Toyota Corolla…

2

Фановите на брендот Lamborghini и величествените модели имаат причина за радост. Британскиот производител на макети Amalgam ги претстави официјално лиценцираните примероци во размер 1:8 на Lamborghini Countach LP400 и целосно новиот Revuelto за да го прослави минатото и сегашноста на италијанскиот бренд.

1

Овие детални копии рачно се изработени со користење на илјадници прецизно дизајнирани делови, при што секој примерок бара околу 400 часа работа. Започнувајќи со реплика на Countach, тој го претставува оригиналниот LP400 од 1974 година дизајниран од Марчело Гандини во Бертоне со екстремни детали.

3

Макетата е во должина од 50 cантиметри и е достапен во бои Giallo Fly или Rosso. Исто како и вистински автомобил, вратите галебови крилја се отвораат вертикално за да се открие многу прецизно изработен волан, табла со инструменти, рачката на менувачот, стерео уред, звучници, како и рачки за прозорците.

4

Кога ќе се отвори предната хауба ќе најдете реплика на резервната гума и останатите механички компоненти во размер 1:8. Дури и предните светла се креваат и спуштаат како вистински модел од првата генерација на Countach.

6 5

Отворањето на хаубата на моторот открива одлична реплика на 4.0-литарскиот V12 мотор, кој вклучува црвени кабли за палење и механизми за гас за карбураторите. Потребни биле 4.000 часа за да се развие моделот на Countach во размер. Amalgam ќе направи само 199 примероци од моделот Countach во размер, а секој ќе чини 14.835 фунти (околу 18.750 долари).

13

Заедно со репликата Countach, Amalgam најави модел на Revuelto во размер 1:8, најновиот суперавтомобил на производителот кој го замени Aventador во неговата линија. Со должина од 55 сантиметри, секоја надворешна и внатрешна карактеристика е прецизно реплицирана на моделот во размер, вклучувајќи фини детали како што се бојата на шевовите на седиштата, регистарските таблички и сопирачките.

7

За разлика од моделот Countach, купувачите можат да изберат помеѓу реплика со стандардни спецификации, која чини околу 16.500 долари, или да издвојат околу 23.500 долари за изработена верзија по нарачка. Репликата Countach LP400 веќе е достапна за купување, додека Amalgam моментално прима нарачки за моделите на Revuelto, а производството ќе започне подоцна оваа година. Забелешка – цената на сосема нов модел на Toyota Corolla започнува од 22.050 долари.

8 9 10 12 11

Испрати коментар

Scroll To Top