Насловна / Вести / Македонското археолошкото богатство во Салерно

Македонското археолошкото богатство во Салерно

XVII-Edizione-della-Borsa-Mediterranea-del-Turismo-Archeologico1-640x243

Република Македонија за прв пат ќе учествува на 17. издание на Берзата за археолошки туризам во Италија, која од денеска па до 2 ноември ќе се одржува во градот Салерно.
Станува збор за интернационален настан на кој Италија и други земји, преку различни активности, ги претставуваат своите културни богатства, разменувајќи искуства и презентирајќи ги најпознатите археолошки наоѓалишта, сакрални споменици, природни богатства и друго.
Оваа година ќе учествуваат над 20 земји од целиот свет, меѓу кои: Аргентина, Малта, Португалија, Словенија, Хрватска, Венецуела, Романија, Азербејџан и други.
Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство, во соработка со националните и локални музеи и заводи во земјава, општините, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и други установи, ќе ја претставува Македонија презентирајќи книги, брошури, видеа и друг вид промотивен материјал за македонските археолошки локалитети, цркви, градови, природни богатства, но и традиционална храна и македонски вина. Меѓу видеозаписите ќе бидат и „Македонија вечна“ (Macedonia Timless) и „Прекрасна Македонија“ (Wonderful Macedonia).

salerno
Берзата за археолошки туризам во Салерно се реализира од 1997 година. Според податоците на организаторите, секоја година има неколку илјади посетители од целиот свет, стотици новинари, како и излагачи и претставници на УНЕСКО, ИКРОМ (ICCROM) и други организации. Станува збор за комплексна и разновидна манифестација која опфаќа многу настани: промоција на културно и природно наследство, предавања, конференции, дискусии, берза на која се продаваат туристички понуди и друго.

Испрати коментар

Scroll To Top