Насловна / Архитектура / Македонско село на падините на Водно: Во потрага по идентитетот

Македонско село на падините на Водно: Во потрага по идентитетот

Во земјите од источна Европа како и на Балканот, стана популарно туристичките агенции да нудат таканаречен селски туризам. Во овие понуди задолжително се вклучени и посети на некое етно село.makedonsko selo (19)

Префиксот „етно“, најпрвин се појави во популарната музика означувајќи песни кои во себе содржат елементи од локалниот мелос. Последниве години овој префикс многу го користи и туристичкиот маркетинг, така што и правењето етно села стана популарно.makedonsko selo (16)

Современите етно села не се некои постоечки, стари села, со зачувани етно карактеристики. Всушност, ниту едно село само по себе не било доволно етничко, ниту пак некогаш било. На избран локалитет се градат неколку објекти кои потоа ги именуваат како етно села. Карактеристиките на ваквите етно села, стануваат воопштени, со минимум географски и историски одредници.makedonsko selo (24)

Она што се гради и прави во овие етно села не е никаква етнографска или археолошка реконструкција на стварниот живот во некое село. Со нивната изградба повеќе се сака да се обнови духот на минатите времиња во една идеална етно заедница. Се прават за да се привлече домашната публика која се идентификува со своите корени и традицијата , но и да се привлечат странски туристи на кои, можеби, сè ова им изгледа егзотично.

makedonsko selo (25)

Изградбата на овие, како и низа други „етно“ куќи или простори, сосема јасно произлегува од потребата за (ре)изградба на идентитетот, кој, во тек на овие последни децении, стана акутен на идентитетската криза произведена со процесот на глобализација. Имено, забрзаните промени сиве овие години, го зафатија секое село кое до денес останало живо и ги смениле, како изгледот на селото, така и начинот на живот на луѓето што останале да живеат таму.makedonsko selo (27)

На 22 јуни оваа година и кај нас, на падините на Водно, спроти манастирот „Св. Пантелејмон“ во село Нерези беше отворено етно селото наречено „Македонско село“, комплекс од повеќе објекти изградени во духот на македонската архитектура од 19 и 20 век. Ова етно село е изградено да потсетува на град, како збир на различни стилови на градби од нашето поднебје. Идејата била, тука посетителот да ја доживее Македонија во мало. На самиот влез се наоѓа голема главна капија и информативен центар, каде што се добиваат сите потребни информации. makedonsko selo (23)

Целиот комплекс зафаќа површина од 12.000 м2, а се состои од шеснаесет  куќи со вкупен сместувачки капацитет од 100 гости. Во комплексот се застапени куќи од различни географски подрачја на Македонија; куќа од Битолско, куќа од Прилепско, куќа од Велешко, куќа од Струшко, галичка куќа, реканска куќа, Скопско-црногорска куќа, куќа од Кратовско, беровска куќа, куќа од Делчево, куќа од Кумановско и тетовска куќа. Куќите се поврзани со поплочани камени патеки, теренот е во пад, а во централниот дел на селото се наоѓа отворена тераса, наткриена со платнена тенда која служи како ресторан во овие топли денови.makedonsko selo (22) makedonsko selo (21)

Секоја од собите во куќите има поинаков поглед низ прозорецот и различен пат по кој до неа се доаѓа. Ентериерот е во ранг на хотелско сместување, приспособен на современиот стил на живеење и потребите на современиот турист. Во собите е поставен стилски изработен мебел, се користат природни материјали, а збогатени се со рачно ткаени черги изработени на разбој. Секако, секоја соба има современи уреди за ладење на воздухот, како и за негово затоплување.makedonsko selo (20)

Туристичката намена на „Македонското село“ е потполно јасна, а префиксот „етно“ би требало да го окарактеризира како атрактивна локација за посета и одмор. Направено првенствено да ги задоволи туристите и посетителите, како и да понуди нешто поинакво во туристичката лепеза на нашиот град. Секаде во светот цвета атракцијата наречена life seeing, односно, грубо преведено, живо разгледување.

Сè повеќе туристи сакаат да учествуваат во животот на заедницата што ја посетуваат, да ги запознаат нивните обичаи, традиција, култура, начин на живот, исхрана… Етно селото им ја нуди оваа можност на своите посетители.

makedonsko selo (19) makedonsko selo (18)

При посетата на „Македонско село“, освен прошетките по патеките на планината Водно, гостите ќе можат да се одморат и уживаат во храната и пијалаците во трите ресторани ; Ан, Антигона и етно барот. Рестораните се опремени во етно стил, а на своето мени нудат традиционални македонски јадења, подготвени на оган, како и јадења подготвени во современи кујни.

Сите се со различна гастрономска понуда. Покрај трите ресторани направена е и винарска визба каде што можат да се пробат и купат најквалитетните македонски вина. Со многу вкус и фантазија, рестораните се оплеменети со природни материјали и топли бои, етнографски и уметнички детали кои ги чинат пријатни за провод и одмор.makedonsko selo (15)

Етно амбиентот на комплексот е надополнет со неколку занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните стари занаети карактеристични за ова поднебје, и одблизу да го проследат процесот на изработка на кујунџиски и грнчарски предмети, како и да се запознаат со вештината на ткаење килими. Живописноста на македонското село ќе биде збогатена и со домашни животни.makedonsko selo (14) makedonsko selo (13)

Трлата за домашните животни се прават и се очекува во најскоро време, да се донесат  животните. Во рамките на комплексот Македонско село постои и мал Етнолошки музеј, кој сè уште не е отворен. Во него ќе биде уредена етнолошка поставка, која ќе ја долови традиционалната македонска култура низ неколку сегменти: народните носии, народниот вез, народните ткаеници и алатките за преработка на текстилни суровини и покуќнински текстил.

makedonsko selo (11) makedonsko selo (10) makedonsko selo (12)

Насекаде наоколу се гледаат убаво уредени тревници и многу жардиниери со убаво цвеќе. На крајот од селото, направен е и мал амфитеатар, во кој се планира да се одржуваат разни културни настани. Природата на планината Водно со нејзината шума и чистиот воздух нудат голем избор на спортско-рекреативни активности за сите генерации.

За сликата на селото да биде комплетна, љубителите на велосипедизмот ќе имаат можност да изнајмат рекреативни велосипеди од марката „Specialized“, оние што сакаат да планинарат ќе може да се искачат до Милениумскиот крст или, пак, по сртот да отпешачат до кањонот Матка, додека пак рекреативците можат да пешачат по патот до Средно Водно и околината. За гостите наскоро се предвидуваат и прошетки со пајтон. Комплексот е отворен секој ден. Можете да го посетите пеш, со велосипед или со автомобил. Од скоро до него води и автобуска линија на Јавното сообраќајно претпријатие.

Податоци:

Идејно решение на проектот: архитекти Миле Недевски, Филип Богатинов

Проектант на градежен дел: „Боград“, Струга

Изведувач на градежен дел: „АК-Инвест“, Тетово

Проектант на ентериер: „Структуре“, Тетово

Изведувач на ентериер: „Бауер БГ“, Скопје

makedonsko selo (1) makedonsko selo (2) makedonsko selo (3) makedonsko selo (7) makedonsko selo (6) makedonsko selo (5) makedonsko selo (4) makedonsko selo (8) makedonsko selo (9)

ФОТО: Ангел Ситновски

Испрати коментар

Scroll To Top