Насловна / Вести / Македонскиот студентски велосипед со филтер за чист воздух награден во Сеул

Македонскиот студентски велосипед со филтер за чист воздух награден во Сеул

Велосипедот со филтер за прочистување на воздух, проект на студенти на Машинскиот факултет, доби два златни медали и диплома за најдобар пронајдок во Сеул, Јужна Кореја.

Пронајдокот е дело на студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ.

velosiped

Тимот доби златни медали од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област и Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија. Дипломата за најдобар пронајдок ја добија од Центарот за жени иноватори на Узбекистан.

velosiped1

Студентите беа во придружба на вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов, со кои учествуваа на 12-тата по ред меѓународна изложба  „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019.

Изложбата беше во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA, со поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO.

Испрати коментар

Scroll To Top