Македонска изложба под традиционалниот наслов „Министерство за задоволство“ и во организација на „Јавна Соба“ по трет пат ќе се претстави на манфестацијата „Дан Д“ во Загреб од 30 мај до 1 јуни, потоа во Белград на настанот „Миксер“ од 5 до 8 јуни и на „Недела на дизајн и архитектура“ во Тирана, од 23 септември до 15 октомври. Оваа година во рамки на националната македонска дизајн презентација се застапени „Завар Дизајн“, „Творница“, Нина Нинеска и „Лотус“.