Насловна / Вести / Македонски компании во посета на Германија за користење на обновливи извори на енергија

Македонски компании во посета на Германија за користење на обновливи извори на енергија

adlershof-tehnoloski-park-berlin

Претставници на македонски компании од градежниот сектор престојуваа во тридневна посета на Берлин каде што се информираа за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во објекти.

Посетата ја организираше Германската стопанска комора во Македонија во соработка со Министерството  за економија и енергетика на Сојузна Република Германија.

Целта на патување на 18-те претставници од македонските комапнии, е запознавање со современите технологии кои се користат при изградба на нови објекти, но пред се при санација на постоечки објекти и санација на цели станбени населби.

humbolt-univerzitet-berlin

На делегацијата, покрај можностите кои се нудат со применувањето на користење обновливи извори на енергија во високо комплексни објекти, им  се претставени и преземените мерки  од страна на германската Влада за заштита на животната средина при изградба и санација на објектите.

Делегацијата, како што соопшти Германската стопанска комора, го посети научниот парк Адлерсхоф и Универзитетот Хумболд во Берлин. Адлерсхоф претставува еден од 15-те најголеми научни паркови во светот, а воедно е и најважен центар за научен, стопански и медиумски развој на ниво на покраината Берлин – Бранденбург.

Wirtschaftsempfang der Stadt Eberswalde

При посетата на Универзитетот Хумболд  се презентирани невообичаени проекти на еколошко градење на градови. Фокусот на овие проекти е ставен на децентрализираното управување со дождовница, градење со позеленување на објекти како и ладење на објекти.

paul-wunderlich-haus-enterier

Според Марија Радевска од Германската стопанска комора во Македонија, ова беше исклучително важна посета за компаниите од Македонија, бидејќи се стекнаа со нови сознанија за енергетски ефикасно градење на објекти. Берлин е одличен пример со оглед на тоа што половина град е изграден со станбени блокови од времето на ДДР, кои со децении не биле санирани. Сега дури 90 отсто од тие објекти се санирани со примена на енергетски ефикасно градење. Финансирањето е преземено делумно од станарите, а делумно од државата.

herman-scher-centar

Делегацијата го посети и центарот за обновливи енергии Херман Шер, како и зградата во состав на истиот која е со нулта емисија, и Паул-Вундерлих-Хаус (Paul-Wunderlich-Haus), која во моментов е енергетски најефикасната зграда на јавната администрација во Германија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top