Насловна / Архитектура / Македонски домови: Викенд куќа во Маврово – совршено прибежиште од градскиот метеж

Македонски домови: Викенд куќа во Маврово – совршено прибежиште од градскиот метеж

20150104_125546

Секој кој се упатил на викенд или одмор во Маврово, мора да ја забележи куќата која го привлекува вниманието. Во населбата „Маврови Анови“ непосредно над патот е поставена прекрасната викенд куќа на семејството Зенку од Гостивар која претставува совршено прибежиште од градскиот метеж и секојдневниот стресен живот. Проектот на оваа куќа е дело на еден од членовите на семејството, архитектот Арѓенд Зенки.

„Од желбата да се направи една викенд куќа која ќе ги задоволи потребите на нашето семејство, а воедно и ќе биде место за одмор, семејно дружење и прикладно пречекување на гости во еден амбиент, кој пружа духовен и ментален мир за сите нас, произлегува идејата да се започне со размислување околу настанувањето на оваа куќа. Локацијата е идеална за ваква куќа поради тоа што се наоѓа во непосредна близина на градот, природата е извонредна, водухот е чист, погледот прекрасен, условите кои ни ги пружа оваа локација може само да ги посакаме во нашата имагинација.“ – вели проектантот Зенки.20130526_161311

Оваа куќа го следи теренот кој е во пад, па така е распоредена на три нивоа со извесно повлекување. На најдолното, подрумско ниво се јавуваат две гаражи помеѓу кои се поставени скали кои водат кон приземјето каде е поставен главниот влез. Едната од гаражите во подрумот, со топла врска е поврзана со подрумската просторија која служи како остава и вертикалните комуникации кои се сочинети од скалишно јадро и лифт.20130723_185508

Главниот влез во куќата е поставен во приземјето, од бочната страна, додека во приземјето централната и главна позиција ја зазема дневната соба која е пространа и отворена, чии пространи прозорци на предниот дел пружаат прекрасен поглед кон Мавровското Езеро. Во склоп на дневната соба, на приземјето се поставени и трпезаријата и кујната од кои е овозможена директна врска кон двориштето. На приземјето, исто така е поставена и гостинската соба со сопствена бања и простор за одмор, додека на ова ниво се наоѓаат и дневен тоалет непосредно до вертикалните комуникации, тоалет до кој се пристапува од дворот, како и помошна кујна која има иристап од надворешната страна која е поврзана со терасата.

20141121_122844

На катот се поставени три пространи спални соби и секоја од нив располага со сопствена бања, гардаробер и тераса, па така секоја од нив им овозможува на корисниците комплетна приватност и можност за уживање во секој миг поминат во нив.

Во склоп на оваа викенд куќа во засебен простор е поставен и базенот кој е целосно покриен и затворен и кој овозможува негово користење и во ладните зимски денови. Оваа просторија исто така содржи и дел за дополнителна фитнес рекреација.

20130627_221042

Конструктивниот систем од кој е изведена оваа куќа е скелетен армирано-бетонски систем, додека фасадната обработка е од алуминиумски панели и термоизолационо стакло.

Во внатрешноста на овој објект може да се забележи префинетоста на вкусот на сопствениците, па така се користени природни бои и материјали кои даваат ненападен и пријатен амбиент во овој простор. Користени се материјали како дрво, гранит, стакло и кожа, а доминантни се тоновите на кафеавкаста, и боја на капучино, како и природната боја на дрвото.

20141121_132608

Несомнено оваа куќа претставува извонредно модерно архитектонско здание, какво што ретко се гледа во нашата држава, а задачата на архитектот да осмисли една ваква куќа за сопствените потреби претставува предизвик повеќе, затоа што не е лесно да се задоволат потребите на изостреното идеалистичко око на ниту еден архитект.

 

Општи карактеристики:

 

Локација: Маврови Анови, Македонија

Изведба: 2008-2009

Инвеститор: Рашид Зенку

Архитект: Арѓенд Зенки

Структура: Армирано бетонска конструкција, финална облога „Алкобан“

Површина на локација: 2.500м2

Изградена површина: 350м2

Нивоа: подрум, приземје, кат

14 коментари

  1. Iskreno, kukava voopsto ne e za vo planina – po nisto ne asocira na vikend kuka. Naprotiv na luksuziranje vo selo.

  2. Go del am mislenjeto Na dimitar, mene mi lici Na losa administrativna zgrada.a najloso e sto e prezentirana kako pozitiven primer vo spisanie za arhitektura.

  3. Ce gleda deka Makedonia nema iskus….
    Ova e eden od naj interesatnive Villi vo Makedonia, ako ne e ova Primer za Arkitektura togash neznam koja kuca, villi , i koj projekt e primer?!?
    Ame vie gledate samo kojshiava shto zidall kuca so 10 Catiji i mislete deka e ubavo, i vie smestite so 20 i mislete deka imate izkus.

    Hallal da mu e na covekot shto e prv vo Mavrovo i povrshina shto ima vkus. Se gleda deka samiot GazdaTA e Arkitekt.

    Pozdrav
    Dipl.Ing-Architekt M.Dz

    • Ne sum Mezzo

      Sramota e da se pretstavuvas kako Dipl.Ing-Architekt M.Dz a da ti nedostasuvaat najmalku dve raboti i toa samo vo eden post.
      Prvo, obrazovanieto koe si go steknal trebalo da te nauci na gramatika i pravopis, ako barem Makedonskiot jazik ne ti e majcin pa da ne ti go zememe i toa kako grev.
      Vtoro, ako ovoj objekt pretstavuva nesto koe treba da se promovira vo spisanie za arhitektura kako pozitiven primer zemajki gi vo predvid site okolnosti, togas nekoj treba da odgovara sto i na tebe kako i na nas drugite ni izdal ista diploma i sega imame isti status vo opstestvoto.

      A imajki vo predvid koj go organizira i ureduva “strucnoto spisanie” voopsto ne me iznenadi sto vo nego citam eden vakov tekst.

  4. Go znaeme objektot so lugevo se znaeme pristojna familija visoko obrazovana I za objektot nemam recenica.megu toa lokacijava I vo zbor Vila jas licno ne bi Izgradel vakvo neshto sepak vila si je vila.povekjeto asocira na nisko katna holdingska zgrada.pak kje I istaknam zgradava e sjajna.

  5. Ova e kako prekrasni crti da se stavat nesrazmerno i na pogrešno mesto. Od drug agol zemeno objektot e exterierno odlicen, no mu nedostiga vmatresen dizajner.
    Nedostgot na iskustvo i tradicija, kako i nemanje zakonska regulativa, dovelo do ovaa greška da se napravi, da se narushi tradicijata na etno građenje i da se prekrshat dizajnerskite i vekovnite pravci. Tragično i nedopustlivo e vakov objekt da nikne vo ski resort vo Swajcarija, Avstrija, Italija ili Montana (usa), no toa e Makedonija. Ima uste mnogu što da nauči ovoj narodot pred da sozree.

  6. ја имам видено и мислам дека воопшто не се вклопува во околината.

  7. Јас мислам дека е во ред.

  8. Siromastija

  9. Викенд куќава во Маврово ептен ми е омилена секој пат кога проаѓам покрај неа ме го зема погледот така да дали е адекватна за во туристичко место нималку не сме компетенти да одговараме но сите си имаат свое мислење така и јас на викендицата и е место тамо каде што се наоѓа Маврово е туристички центар на балканот и треба да има вакви изградби… И ој го гледал филмот Twilight сигурно го потсетувана куќата на вампирите позз

  10. vikendicata e napravena fantazija i niko nema pravo da kritikuva zs sekoj si ima stil i zelba kako ce ja isgradi zatoa nema potreba od komentari

  11. Случајно налетав на интернет, а ја знам куќава и морам да го кажам своето мислење! Куќава е ужас !!! кој и да бил архитект, сигурен сум дека нешто не му штима… Прво дури и клукајдрвецот кога гради куќа гледа да е во функционален склоп со околината. Маврвоо како место си има свој стил, планински, outdoor (види google)а не вакви нео модернистички бувљаци… Се надевам нема да ми замери „уметникот“ на ова дело за мојот искрен коментар, но да би имал некаква власт дефинитивно би ја ставил прва на листа за уривање 🙂

Испрати коментар

Scroll To Top