Општината Македонски Брод го објави третиот по ред тендер за изградба на четири фотоволтаични електроцентрали кај селото Инче, Бродско. Инвеститорот ќе има обврска во наредните две години да ги изгради четирите сончеви електроцентрали со капацитет од по еден мегават, пишува весникот „Нова Македонија“.
„По двата неуспешни тендери за изградба на четирите фотоволтаични електроцентрали, со новиот јавен повик очекуваме конечно да се финализира овој електроенергетски капацитет. Новиот концесионер од нашата општина ќе добие 100.000 квадратни метри површина по цена од 150 денари за квадрат во близината на селото Инче.Четирите фотоволтаични електроцентрали ќе бидат со капацитет од по 1 мегават, а според договорот истите тие за две години треба да бидат пуштени во употреба. Ние како општина сме обврзани на инвеститорот на овие електроцентрали да му издадеме одобрение за градба седум дена по уплатата на договорените средства“, рече Милосим Војнески, градоначалник на општината Македонски Брод.
Интерес за изградба на овие електроцентрали најавија повеќе компании од западноевропски земји, а како најсериозен конкурент се најавува една германска компанија од електроенергетскиот сектор.
Насловна / Вести / Македонски Брод со трет тендер за изградба на четири фотоволтаични електроцентрали