Насловна / Вести / И Македонија со свое електрично возило?!

И Македонија со свое електрично возило?!

Она што не и успеа на нашата „индустрија“, им успеа на нашите талентирани студенти.
Имено, студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го промовираа првиот електричен картинг во Македонија, наречен „Феитмобил“.
Проектот „Проектирање и реализација на електрично возило“, тимот ЕЛ-КА го започна во октомври, минатата година. Овој проект е со план да „финишира“ за околу три години, а реализацијата ќе се одвива во неколку фази.Karting-1

Имено, првата фаза веќе е завршена, а се базира на изградба на конструкцијата, изгледот на картингот, неговото механичко и електрично поврзување и секако, придвижувањето. Понатамошните фази се резервирани за модернизирање и оптимизација во потрошувачката на енергија на возилото.
Феитмобил е напојуван од батерии, а погонот го сочинува еднонасочниот DC мотор со моќност од 2,5 kW(3,4 КС).mkd-270042
Тимот што учествуваше во реализацијата на првата фаза од проектот, го формираат следниве студенти: Александара Аризанковска, Амир Беадини, Петранка Бончева, Бодан Велковски, Ристо Ефремов, Јанѓеловска Елизабета, Стефан Лутовски, Александар Милевски, Ивана Мирчевска, Бобан Момчиловски, Никола Нацевски Тамара Панова, Дејан Пејовски, Филип Симјаноски и Иван Спасески.
 Овие 15 студенти од студиската програма Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, секојдневно, работеа на неговата реализација, под менторство на професор д-р Гога Цветковски и професор д-р Снежана Чундева, како и други професори од ФЕИТ.

Испрати коментар

Scroll To Top