Насловна / Вести / Македонија со нова гравиметриска мрежа

Македонија со нова гравиметриска мрежа

gravitometriska mreza (2)

Република Македонија доби нова гравиметриска мрежа. Податоците од гравиметриската мрежа ќе можат да се користат за истражување на рудните богатства, истражување на природен гас и нафта, лоцирање на подземни шуплини, пештери и јами, при проектирање и изведба на патна и железничка инфраструктура и во многу други научно-истражувачки и стручни работи, информираше денеска директорот на Агенцијата на катастар на недвижности Славче Трпески.gravitometriska mreza

Македонија е првата земја од регионот која што успеа да спроведе комплетно нов гравиметриски премер на својата територија, користејќи најсовремени инструменти и методи на мерење, согласно европските стандарди.

Со реализацијата на овој проект македонската држава, односно македонската економија ќе има големи придобивки.

Со користење на податоците од гравиметриските мерења ќе можат да се истражуваат рудните богатства, каде има гас и нафта, ќе се лоцираат подеземните води и влијанието на плимните бранови на нивоата на природните езера во Р.Македонија. Податоците од гравиметриските мерења ќе се користат и во сеизмологијата за следење на промените на земјините маси при потреси и во инженерството при проектирање и изведба на патна и железничка инфраструктура, поголеми тунели, мостови брани.Во геодезијата податоците ќе се користат за поточни и поквалитетни геопросторни податоци во постапките на премерување додека во геологијата за истражување на распоредот на густината на земјините маси, за откривање на подземни шуплини, пештери и јами.

Испрати коментар

Scroll To Top