Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионални патишта „Македонија пат“ ја урива дивоградбата кај „Мавровка“, откако вчера вакво задолжение доби од Владата која одлуката ја донесе на првата седница.
Владата, вчера, му препорача на Управниот одбор на ова јавно претпријатие да донесе одлука за ангажирање на потребната механизација, средства за работа и вработени, со цел уривање и демонтирање на бесправно изградениот градежен објект што се наоѓа пред трговскиот центар „Мавровка“, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.
“Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти. По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од седум дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“, информираат од Владата.
ФОТО: КИРО ПОПОВ