Насловна / Архитектура / Македонија обележува 100 години инженерство

Македонија обележува 100 години инженерство

Република Северна Македонија одбележува сто години инженерство, од основање на првото македонско здружение на инженери и архитекти.

По предлог на Асоцијацијата на здруженија на инженерите – Инженерска институција на Македонија, датумот 21. март стана дел од Програмата за обележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Северна Македонија за 2020 година.

100 години ИМИ_resize

Историските документи со кои располага Инженерската институција на Македонија велат дека првото главно годишно Собрание на инженери и архитекти од областа на Скопската градежна дирекција е одржано на 21.03.1920 година, кога е основано самостојно Здружение на југословенските инженери и архитекти – Секција Скопје.

„Ова навистина е значаен јубилеен датум за инженерите, за инженерството и за Инженерската институција на Македонија. Одбележуваме 100 години од организираното дејствување на професија што ја гради нашата држава, носителка е на технолошкиот развој и игра клучна улога во подобрување на животот на граѓаните. Затоа, јубилејот го одбележуваме со слоганот „Еден век партнерство за одржлив развој“, вели професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.

NO1_9563_resize

професор д-р Христина Спасевска

Во логото за обележување на стогодишнината се содржат знаците за одржлив развој и одговорна потрошувачка и производство, согласно целите на Обединетите нации и настојувањата, Инженерската институција на Македонија да се посвети на глобалните стремежи.

Како дел од обележувањето на овој јубилеј, Инженерската институција на Македонија издаде монографија, во која е запишано: „Славејќи го овој голем јубилеј должни сме да го пренесеме гласот кој вели да се стане инженер потребно е многу повеќе од разбирање на учебниците, потребна е аналитичност, преточена во способност за решавање проблеми. Потоа, да се биде добар инженер значи постојана верба помеѓу сонот за изгледот на твојот проект и неговата едноставност за вистинска употребна вредност. И да се постигне инженерско мајсторство треба стекнатото искуство да се пренесе на помладите колеги, затоа што без тоа, се што си постигнал, макар да си направил и грандиозни дела, низ времето ќе исчезнат“.

ими_resize

Испрати коментар

Scroll To Top