Македонија е на првото место во Европа според индексот на загаденост во првата половина од 2015 година. Ова го соопшти независниот истражувачки центар Нумбео, а го пренесува Фактор.мк. Од вкупно 37 земји Македонија убедливо е најзагадена со индекс на загаденост 87,70.
Rank |
Country |
Pollution Index |
Exp Pollution Index |
1 | Macedonia |
87.70 |
162.03 |
2 | Monaco |
85.87 |
155.91 |
3 | Albania |
77.71 |
137.22 |
4 | Russia |
70.37 |
123.41 |
5 | Ukraine |
70.31 |
123.65 |
6 | Malta |
70.27 |
123.75 |
7 | Bulgaria |
60.95 |
108.99 |
8 | Serbia |
57.53 |
99.81 |
9 | Italy |
57.43 |
98.64 |
10 | Belgium |
56.11 |
96.26 |
11 | Bosnia And Herzegovina |
55.17 |
95.56 |
12 | Romania |
50.10 |
83.32 |
13 | Poland |
49.43 |
84.40 |
14 | Greece |
47.62 |
80.03 |
15 | Spain |
46.15 |
76.50 |
Од регионот Албанија е рангирана на 21 место, Бугарија на 53, Србија на 57, Хрватска на 90 место.
Во светот најзагадена е Гана со индекс 100,01. Најмалку загадена земја во светот и Европа е Исланд со индекс на загаденост 13,78.
Ранг листата на Нумбео не е релевантна бидејќи не е направена со мерење на загаденоста туку со гласање на посетителите на сајтот, како што пишува на самиот сајт: http://www.numbeo.com/pollution/indices_explained.jsp
За реален преглед и рангирање на загаденоста треба да се користат извори кои оперираат со измерени податоци, како на пример http://aqicn.org/map/europe/
Од картата на http://aqicn.org/map/europe/ со измерено загадување на воздухот се гледа дека Македонија е далеку од “лидер во загаденоста“ – кај нас доминираат ниските вредности (зелените таблички) и само во Скопје-Центар и делумно Тетово има средни вредности на загадувањето, додека во средна и западна Европа има многу повеќе зони со средно и високо загадување (жолти, портокалови и црвени таблички).