Македонија е рангирана на 17 место на листата на 20 најтоксични земји во светот.
Зад неа се само Сингапур, Ирак и Кина, објави организацијата „Еко експертс“ од Лондон.
Од регионот, на оваа листа се наоѓаат само две земји, Бугарија и БиХ.
Критериумите според кои се мери токсичноста се аерозагадувањето, смртните случаи и емисиите на ЦО2.
Вкупно 135 држави беа вклучени во истражувањето.
Еве ја листата со најтоксични држави:
1. Саудиска Арабија
2. Кувајт
3. Катар
4. Бахреин
5. Обединети Арапски Емирати
6. Оман
7. Туркменистан
8. Либија
9. Казахстан
10. Тринидад и Тобаго
11. Иран
12. Луксенбург
13. Бугарија
14. Босна и Херцеговина
15. Монголија
16. Кореа
17. Македонија
18. Сингапур
19. Ирак
20. Кина