Насловна / Вести / Македонија на европската мапа на загадување: Причините се знаат – решенија нема

Македонија на европската мапа на загадување: Причините се знаат – решенија нема

Според најновиот извештај на Европската агенција за животна средина (EEA), загадувањето на воздухот во Европа има голема цена. Тоа сѐ уште останува главната опасност за животната средина, економијата, продуктивноста на работната сила и најважно, за севкупното здравје на луѓето.

Неодамна, податоците на светската интернет-страница Нумбео, која се занимава со квалитетот на животот, го прогласија Тетово за најзагаден град во светот, податок кој ја прави Македонија темна густа дамка на европската мапа на загадување.

zagaduvanjeto-e-sedum-pati-nad-dozvolenoto-210239

Според извештајот на Светска банка за 2014 година, Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Министерството за животна средина, постојано објавува високи вредности на аерозагадување во градовите во Македонија, со особен акцент на главниот град. Загадувањето во Скопје  е високо поради многу фактори меѓу кои, доминантни се популацискиот раст и зголемување на бројот на возила, од кои повеќето се постари од 15 години.smokestack

Што всушност може да се направи? Реалноста е дека е потребно многу повеќе од кампањи и ветувања од страна на градските власти. Овој проблем не се решава засебно, впрочем, тој зависи од социјалната и економска ситуација. Токму затоа, потребен е долгорочен акциски план. Од друга страна, граѓаните се дел од решението, и затоа се потребни информативни програми и обуки. Најпрво, клучно е да се промени ставот на чекање некој друг да го реши проблемот. Проблемот се состои во тоа што, иако сите ја препознаваат алармантната состојба на загадување на воздухот, никој не се чувствува одговорен за неа.KIR_1329

Зошто сме во друштво на градови како Њу Делхи, а не со градови како Стокхолм?

         Според резултатите од најновата студија направена од британскиот Универзитет Суреј, Њу Делхи е најзагадениот град во светот. Од спротивната страна се наоѓа Стокхолм заедно со останатите скандинавски градови, како пионер во грижа за животната средина, кој се сосредоточува на долгорочна енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Системот функционира не само во форма на наметнати државни правила, туку и преку граѓанско ангажирање. Главен приоритет е енергетска ефикасност и инвестиции за нова технологија поврзана со животната средина, додека дел од мерките вклучуваат даночни олеснувања за тешката индустрија со цел да направат енергетски планови и да преземат чекори за да се намали користењето на енергија, и ангажирање на општински советник за рационално користење на енергија во домаќинствата.smokestack

Додека Стокхолм своите индустриски зони ги прави градови со одржливо планирање, како на пример градот Hammarby Sjöstad, Македонија се соочува со неисправни мерни станици,  недоволно финансиски средства и попуштање од страна на властите при исполнување на еколошките стандарди на големите фабрики како „Југохром“, „Рек“ и „Макстил“. Понатаму, воздухот секојдневно се загадува од сообраќајот, управувањето со отпад и составот за греење на домаќинствата. Краткорочни мерки се преземаат како: прскање на  улиците со калциум магнезиум ацетат, инспекциски надзор, секојдневно миење улици, но потребен е долгорочен план, односно подобрување на економијата, со цел да се зголеми природниот капитал (квалитетот на воздух, почва, вода).o-BIKE-TO-WORK-DAY-2013-facebook

Фактот од кој не може да се избега е дека, Македонија е земја зависна од фосилна енергија, во која над 80 проценти од енергијата доаѓаат од јаглен и нафта. Така, енергетиката и транспортот, базирани на фосилни горива, се главни извори на загадување. Друг проблем претставува застарената и неразвиена енергетска инфраструктура во поглед на производствени капацитети, како и преносна и дистрибутивна мрежа. Токму затоа, идните инвестиции во енергетиката вклучуваат изградба на нови термоцентрали и ревитализација на постоечките, мали хидроцентрали, ветерници, развој на преносната мрежа, соларни системи за топла вода, односно севкупно ефикасно користење на енергијата во сите сектори.

Во меѓувреме, останати системски мерки кои можат да се преземат во градовите,  вклучуваат зголемување на мерките за техничка исправност на возилата, развој на алтернативни видови на јавен транспорт, или по примерот на Европа, формирање на еколошки зони каде што не се дозволува возење на авотомобили.

Марина Верушеска

Испрати коментар

Scroll To Top