Министерството за економија на Македонија и Министерството за економски развој на Косово, потпишаа меморандум за соработка во секторот енергетика, кој подразбира развивање на односите во областа на електричната енергија, јагленот, природниот гас, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, сигурноста во снабдувањето со енергија, како и подготовката на инфраструктурните проекти за поврзување на електроенегетските и гасните мрежи на двете земји. Министерот за економски развој на Косово, Валдрин Лука, изјави дека особено корисна ќе биде размената нa информации и искуства во областа на обновливите извори на енергија, во насока на постигнување на целите поставени од Енерегетската заедница. Двете страни разговараа и за можностите за снабдување на термоцентралата Осломеј со јаглен од Косово. Исто така, анализирано е и користењето на планираните хидроценрали Чебрен и Галиште за регионално балансирање.