Насловна / Арт и дизајн / МакАрх колекцијата претставена на Моден Викенд Скопје

МакАрх колекцијата претставена на Моден Викенд Скопје

Од 1. до 3. октомври во Јавна Соба се одржа Моден Викенд Скопје каде беше претставена и  колекцијата МакАрх и проектот „Urban Snake“.

Model 7_resize

Urban Snake е проект изработен од студенти од факултет по архитектура, дизајн и машински факултет за време на „Работилница Редизајн на Јавни Површини Скопје“ одржана во декември 2019та година, организирана од „Скопје Лаб Центарот за Иновации“ на Град Скопје во соработка со МЕЛЕЕМ. Локација за проект беше дворот на Студентскиот дом Гоце Делчев. Ментори на оваа група се архитект Сара Симоска и инженер Владимир Ѓоргиевски, а тимот на студенти Сандра Николовска, Катерина Пановска, Кристијан Арсовски, Александра Христовска, Томислав Поповски, Ермал Белули и Марија Трајаноска.

2_resize 3_resize

За овој проект се собираат донации од граѓани и фирми, преку crowdfunding кампањата во организација на МЕЛЕЕМ-Скопје, а од каде произлезе и МакАрх колекцијата. Целта е на овој начин да се поттикнат граѓаните да оформат чувство за јавните простори, да се зголеми колективната свест за јавната средина, пред се за својот град.  Секој кој сака да придонесе за овој проект, може да го направи истото со купување на маица,торба,маска,блузон или чаша од МакАрх колекцијата. Сите средства одат како донација за изработка на урбаната интервенција.

14_resize 15_resize

МакАрх колекцијата е резултат на огромна почит кон првата генерација македонски архитекти и желбата за нивно претставување на пошироката публика. Овие архитекти ги поставиле темелите на Скопје и на архитектурата во земјава, преку објекти како што се поштата, ГТЦ, домот „Гоце Делчев“, Владата, Македониумот, НБРМ и други. Идејата да бидат ставени на маици, торби и чаши е да се создадат од нив идоли и што е можно повеќе луѓе да почнат да ги носат, а со тоа да се запознаат подобро со архитектурата на нашата земја.

4_resize 8_resize

Секоја донација е важна, од најмала до најголема. Цената на производите е 600 денари. На овој линк можете да се информирате за начинот на кој можетете да купите производ и да донирате.

9_resize 12_resize 13_resize

Испрати коментар

Scroll To Top