Насловна / Архитектура / Мак Ауто Стар во Скопје: Aрхитектонската креација усогласена со желбата на инвеститорот

Мак Ауто Стар во Скопје: Aрхитектонската креација усогласена со желбата на инвеститорот

Инвеститорот, Мак Ауто Стар со намера да ја дооформи локацијата во рамките на својот салон и деловните простории, во втората половина од 2015 година распиша конкурс за идејно решение за деловен објект на кој беа повикани неколку реномирани архитектонски бироа.

Првата награда на распишаниот конкурс ја добија архитектите Максим Наумовски, Оливер Илиевски,  Моника Новковиќ и Владо Данаилов.Render 2016.05.23 br5

Во периодот кој следуваше, инвеститорот кој уште во пропозициите на повиканиот конкурс имаше наведено дека го задржува правото да избере проектантско биро, кое ќе ја изработи целокупната техничка документација, преговараше со повеќе учесници на конкурсот и го избра Ателје Ајвар за изработка на идеен и основен проект за деловниот центар на Мак Ауто Стар.16 final 1

Проектантскиот тим на Ателје Ајвар: Миодраг Радоњиќ-Бато, Ранчо Христов, Ана Радоњиќ и Дамјан Христов во текот на изработката на идејниот проект изврши усогласување на проектната програма во склад со барањата, потребите и визијата на инвеститорот во кои беше и барањето да се задржи глобалниот концепт на фасадата од првонаградениот труд од повиканиот конкурс, се разбира применет во склад со новопредвидените програмски барања и во склад со новото функционално и конструктивно  решение.

До крајот на февруари 2016 година беше изработен идејниот проект и прифатен од страна на инвеститорот и општината со што понатаму следуваше изработката на основниот проект кој беше завршен во средината на јуни 2016 година и кон крајот на јули 2016 година добиено е одобрение за градба со што инвеститорот можеше да започне со изградба на деловниот објект.

Деловниот објект е на градежна парцела од 5.060 м2, со површина за градба од 1.733 м2 и максимална дозволена височина на венец од 30 метри, со што вкупната развиена површина за градба изнесува 12.131 м2. Намената на објектот е Б2 (големи трговски единици 60 %) и Б4 (деловни дејности 40 %).Model

Со предложеното решение предвидено е формирање на еден современ трговско- административен објект во кој странките и вработените на едно место, во модерна урбана структура ќе можат да извршуваат повеќе активности: посета на автосалоните во приземјето и деловни активности на катовите. Целиот просторен концепт на урбан мултифункционален комплекс се базира на современите постулати за високо енергетски одржлив објект со примена на современи материјали и технологија. Со тоа е овозможено утилитарност при користење, рационалност во одржувањето, заштеда на енергија и еколошка одржливост на целиот комплекс. Ваква компактна поставка овозможува и рационална искористеност на земјиштето со отворени зелени урбани површини и рационализација на градба и инфраструктура.

Предвидено е формирање на пристапна сообраќајница од новопроектираната улица која колскиот сообраќај го сепарира и насочува кон паркинг-просторот на отворено и во подземните нивоа.Model

Во трите подземни нивоа предвидено е паркирање на возила за посетители, вработени, паркинг за службени возила и технички простории за комплетно одржување и функционирање на комплексот.

Вработените и посетителите преку две вертикални јадра од подземните нивоа можат директно да влезат во урбаниот хол во приземјето и контролирано да пристапат до своите канцеларии и салони распределени од првиот до шестиот кат. Исто така организиран е паркинг на отворено од кој посетителите и гостите имаат директен пристап до урбаниот хол, односно автосалоните во приземјето. Пешачката променада која е конзолно испуштена од основниот кубус, се протега по целата должина на објектот и го обединува партерот на приземјето. Поставката на објектот овозможува и пешачки пристап во објектот од булеварот „Киро Глигоров“.

Поделбата на функциите на објектот, во склад со програмските барани содржини, е извршена повеќеслојно по вертикала и хоризонтала.

Со поставеноста на двете идентични јадра кои се составени од скалиште, кое е едновремено и противпожарно и два лифта, обезбеден е брз пристап до сите катови. Во секое јадро предвидени се санитарни простории со кабина за хендикепирани, како и помошни простории. Поврзаноста на двете јадра преку централен катен хол, овозможува добра контрола, едноставен и брз пристап до секое работно место. Во зависност од потребата на корисниците работниот простор може да се организира на еден цел кат како салон – голема трговска содржина, можност за поделба на катот на два идентични дела, но различни по организација или поделба на катот на помали работни единици кои можат да се користат независно од повеќе корисници.Model

Во конструктивна смисла, објектот претставува армирано–бетонска конструкција со скелетен систем составен од столбови, армирано-бетонски плочи и греди ободно поставени по целиот периметар на објектот и околу скалишните јадра. Со примена на безгредниот систем во внатрешниот простор се овозможува флексибилност на функционалната организација и непречено водење на инсталациите. Со оглед на димензијата на објектот, во попречниот правец предвидена е дилатација во средина на објектот. Сите бетонски конструктивни елементи е предвидено да бидат изведени од МБ 40.vlezen hol 5 copy

Конструктивните распони се утврдени врз основа на анализа за рационално искористување на подземниот паркинг и флексибилна организација на комерцијалните и административни содржини со лесни прегради и стакло.Krov varijanta 21 c copy

Објектот е проектиран во склад со важечката регулатива за заштита од надворешни влијанија, бучава и противпожарна заштита. Со архитектонското решение и примена на пожарно-стабилни материјали од кои е предвидено да бидат изведени фасадата, ѕидовите, меѓукатните конструкции како и вратите во посебните пожарни сектори, обезбедена е примарна заштита од пренос и ширење на пожар по хоризонтала и вертикала, како и брза евакуација на корисниците.

Стаклениот дел од фасадата е обработен со структурална алу фасада и двоен изолиран стакло-пакет со коефициент 1.1 и 0.4. Полните површини завршно е предвидено да бидат обработени по принцип на вентилирана фасадна облога.Model

Предвидено е современо обликување на комплексот како одраз на времето во кое е проектиран, како високоенергетски и еколошки одржлив објект. Примената на современите материјали и адекватниот ликовен јазик нудат комплекс кој обединува повеќе различни функции. Примарниот кубус е расчленет на чисти геометриски форми кои во ритамот стакло-конструкција-стакло го обединуваат волуменот по вертикала и хоризонтала, создавајќи единство на функции и простори.

Поврзувајќи се со блиското зеленило покрај кејот и водената површина на Вардар, преку визуелен контакт со станбениот дел, отворениот поглед кон Водно и Скопска Црна Гора, вметнување на зеленило во партерот како и кровната градина, во комплексот се создава јавен и работен простор полн со позитивна атмосфера, светлина и зеленило. Вака обликуваниот објект се вклопува во урбаната средина и кореспондира со соседните објекти на булеварот.

Покрај задоволување на сите барања зададени со проектната програма, објектот се вклопува во новите трендови на архитектурата, притоа овозможувајќи пријатен работен простор во внатрешноста.Render 2016.05.23 br1

Вака конципиран, објектот прикажува некарактеристична префинетост во обликувањето и го истакнува напорот на проектантот да ја усогласи креацијата со желбата на инвеститорот за што попријатен простор за вработените и препознатливост за посетителите.

Во изработка на комплетната техничка документација, освен Ателје Ајвар како носител, учествуваа и соработниците:

Конструкција – Виадукт ДООЕЛ, Скопје

Електротехнички инсталации – Трејдинг системс ДООЕЛ, Скопје

Термотехнички инсталации – БАРС Инженеринг ДООЕЛ, Скопје

Ревизија на проектите – Тагора, Скопје

Ajvar crno

Текст:

Ана Радоњиќ, дипл.инж.арх.

Дамјан Христов, дипл.инж.арх.

 

Испрати коментар

Scroll To Top