Насловна / Вести / Мајсторите и во светот заработуваат повеќе од архитектите

Мајсторите и во светот заработуваат повеќе од архитектите

Според информациите со кои располага Федерацијата на градежни работници во Велика Британија (FBM), просечен ѕидар има за околу десет проценти поголема плата од просечен архитекта.
Покрај тоа, според истражувањето на Канцеларијата за нацинална статистика во извештајот за заработувачките во 2017 година, средната годишна плата на архитекта во Велика Британија иснесува околу 38.228 фунти(44.683 еура). Од друга страна, градежните работници, особено ѕидарите, годишно заработуваат и до 42.034 фунти (49.131 еура), пишува Arch2o. Интересно е што извештајот на FBM исто така открива дека една лондонска компанија плаќала градежни работници 90.000 фунти годишно.

zid2
Извештајот исто така истакннува и еден интересен факт кој се однесува на тоа дека поголемиот дел градежни работници не работат до касно во ноќта (пред се поради тоа што условите тоа не го дозволуваат), додека „цртање во доцните часови“ е честа појава во архитектонските бироа.

Платите на мајсторите се поголеми и во регионот
Што се однесува на земјите во регионот, платите на мајсторите се се поголеми, бидејќи се чувствува нивен недостаток, поради тоа што поголем дел од мајсторите се одлучуваат за работа во странство. Слично е и со инженерите, па така, парадокслано, на зголемување на платите нема да влијае поголемата активност, стручност и квалитет, туку всушност ќе влијае недостатокот на работна сила. Но, како и да е, неспорно е дека платата на архитектите е сеуште ниска, особено со оглед на скапото школување, дополнителната работа и големата одговорност.

zid1

Испрати коментар

Scroll To Top