„Мајкрософт“ ја продаде „Нокиа“ и изгуби голема сума пари. Новиот сопственик има големи планови за легендарниот бренд „Нокиа“.
„Мајкрософт“ својот бизнис со евтините телефони, кој го презема од „Нокиа“ во 2013 година, го продаде на компаниите FIH Mobile, Foxconn и HMD global за 350 милиони долари, соопштено е од компанијата. Според условите од договорот, 4.500 работници ќе се преселат во FIH Mobile, а „Мајкрософт“ ги продава сите права на користење на брендот „Нокиа“, софтверот, сервисите и договорите со доставувачите.