Без разлика колку интернет сервисите бараат од корисниците да ги избегнуваат датумите од родендени или лесните зборови како свои лозинки, сепак. се уште постојат големи напори за да се направат побезбедни нивните профили.
Поради ова, „Мајкрософт“ соопшти дека целосно ги забранува лесните лозинки.
Тимот го нарече овој потег „динамична забрана“, што значи дека ако вашиот профил користи лозинка која се појавува во листата на најмногу користените/украдени лозинки, „Мајкрософт“ ќе го натера корисникот да го замени со посложен. Ова ќе се однесува за „Мајкрософт акаунт“ и „Азур АД“ сервисите.
Дополнително, „Мајкрософт“ ќе го задржи методот со исклучување кога корисник ќе ја погреши лозинката повеќепати, за да се избегне хакерски напад. Според компанијата, овој метод ги спречува хакерите да нападнат 57 отсто од случаите.
Mожете да користите потполно случајна лозинка и менаџер на лозинки, пример Lastpass. Конечно статистиката покажува дека профилите заштитени со двојна авторизација многу поретко се жртви на напади.
Повеќе информации за тоа како треба да изгледаат лозинките има на нивната веб-страница. Но, останува нивниот совет лозинката да содржи најмалку осум карактери, со симболи и/или бројки.