Насловна / Вести / Мај, месец на неговото величество божур

Мај, месец на неговото величество божур

Старите градини ги краселе божури, а на нивната убавина и денес не сме рамнодушни. Во светот постојат преку 3.000 различни божури, кои се одликуваат и со различни бои. Можат да бидат еднобојни или во комбинација од бои, да бидат со различна големина на цветот, едноструки или полна низа од цветни латици. Постојано се појавуваат нови сорти божури, кои пленат со својата убавина.

4

Меѓународните стручни друштва секоја година ги наградуваат најубавите и најквалитетните сорти. Одгледувачите на божури за да добијат награда треба да исполнат одредени услови, основен услов е растението да изгледа убаво и да има убави цветови, но исто така треба да е отпорно на болести и напади на штетници, да биде постојано за време на дожливи периоди, а особено внимеание се обрнува и на цврстината и стабилноста на гранките.

3

Американското друштво за божури, American Peony Society, доделува златен медал за исклучитечни одгледувачи на божури, а исто така и британското Кралско друштво за хортикултура, Royal Horticultural Society ја доделува наградата  за достигнувања во одгледување божури „Award of Garden Meriti”.

Божурите припаѓаат на родот Paeoni. Тоа се повеќегодишни растенија кои растат во Европа, Азија и Северна Америка, а нивната татковина е Кина. Божурот во Кина симболизира богатство, убавина и чест. Во Кина и Јапонија овој цвет е симбол на среќа и мир, особено кога се прикажува во полн цвет. Во овие земји букет од божури најчесто се одбира за свадби, бидејќи симболизира убавина и романтика, среќен брак и среќа. За венчавки се практикува букет од 12 божури.

1

Божур е симбол на кинескиот град Лујанг, од каде и потекнува цветот, кој почнал да се одгледува пред 1.500 години. Името потекнува од кинескиот збор „ sho yu“, што значи најубав. Во Лијанг растат повеќе од 700 видови божури, почнуваат да цветаат во април и во тој период во градот од 1982. година се одржува познатиот фестивал на божури Pion.

5

Раскошните цветови на божурот ги привлекуваат уметниците, тие се секаде низ градот и настојуваат да ја пренесат убавината на цветот на хартија. За време на фестивалот се одржуваат изложби на слики на божури, калиграфија, лампиони, работилници за одгледување божури и деловни преговори. Веќе долги години еден од главните настани на фестивалот Pion е склопување бракови под мотото „Божур – сведок на среќа“.

7

9

Божурите исто така симболизираат и срамежливост. Во Викторијанско време се верувало дека нимфите се кријат во овој величествен цвет. Божурот е традиционален симбол на Кина, Монголија и цвет на државата Индијана. На Балканот исто така е многу распространет и се верувалао дека ако се стави корен од божур во креветче на бебе го штити новороденчето од уроци.

2

Божурот е повеќегодишно растение, најчесто е џбунесто, но може да биде и дрвенесто. Во нашиот регион најчесто се одгледува во форма на џбун кој достига висина од 80 до 100 сантиметри. Бојата на цветовите може да биде различна: бела, црвена, жолта, виолетова, розева. Цветаат во периодот април – мај.

Божурот не поминува неприметен. Неговиот цвет, бои, димензии во комбинација со листови меки како сомот вредни се за секакво почитување.

8

Испрати коментар

Scroll To Top