Насловна / Вести / Магнитогорск – место каде се спојуваат Европа и Азија

Магнитогорск – место каде се спојуваат Европа и Азија

„Челичното срце на Татковината“ – е второто име на градот Магнитогорск. За овој град најголем дел од луѓето воопшто немаат слушнато, но сигурно некаде виделе фотографија од неговата панорама. Го нарекуваат уште и точка на спојување на Европа и Азија, бидејќи се наоѓа во подрачјето на реката и планината Урал кои се дел од природната граница на двата континенти.

View of Magnitogorsk in winter. Pollution of the atmosphere by factories.

magnitogors2

magnitogorsk3

Во Русија градот е познат по индустријата на железо и челик. Најголем дел од жителите сеуште работи во локалните фабрики, а стапката на невработеност е пониска од 1,5%. Но, каде има ваква индустрија има и огромно загадување. Така познатиот актер и поборник за заштита на животната средина, Леонардо Ди Каприо, во 2016 година поделил една фотографија од National Geographic, која ги прикажува рибарите на смрзнатата река Урал, а во позадина десетици фабрички оџаци. Гувернерот на регионот и поранешен директор на една од фабриките, на својот Instagram искоментирал „Тоа беа времиња, зар не?“, алудирајќи на фактот дека денес поголем дел од тие фабрики не постојат, објаснувајќи притоа дека станува збор за фотографија стара 22 години. Истовремено го поканил актерот да го посети градот. Колку што е познато, Ди Каприо сеуште не се одзвал на поканата.

magnitoforsk5

Во времето на Сталин, Магнитогорск бил вистински социјалистички град изграден плански, а во 1937 година е затворен за туристи, се до 1980-тите години. Поради тоа, овој период од историјата на градот е сеуште релативно непознат на Запад, со исклучок на еден настан од светско значење, за што сведочи монументалниот споменик кој го надгледува градот. Споменикот е дело на вајарот Лав Головницки, по идеја на советскиот архитект Јаков Белополски (познат “народен архитект“ автор и на Советскиот воен споменик во Берлин). Откриен е во 1979 година, како прв дел од трилогијата споменици, од кои еден е во Волгоград и еден во Берлин. Споменикот прикажува работник и војник. Работникот гледа на исток каде се наоѓа челичарницата, која и денес е една од најголемите на светот. Војникот гледа на запад каде се наоѓало најголемото боиште во Втората светска војна, во текот на нацистичката инвазија на Советскиот сојуз.

magnitogorsk4

 

Испрати коментар

Scroll To Top