Насловна / Вести / Магнетен бетон, иновација за забрзување на електричната мобилност

Магнетен бетон, иновација за забрзување на електричната мобилност

Истражувачките и развојни тимови на швајцарскиот производител на градежни материјали Holcim и германскиот стартап Magment, направиле единствен бетон со висока магнетна пропустливост. Тој ќе биде користен за површината ан патиштата и напојување на електричните возила во движење. Бетонот кој се магнетизира е направен од цемент и магнетни честички од рециклиран отпад.  Magment за прв пат претставил ваков иновативен пристап во 2018 година. Со технологијата на магнетизирање на бетонот, овој стартап развива конкретни решенија за забрзување на електричната мобилност. Holcim гледа на оваа иновација како решение кое ќе ја намали потребата од станици за полнење, но исто така ќе им заштеди време на корисниците. Технологијата во моментот се тестира на Универзитетот Пердју во американската сојузна држава Индијана.

recharging1

recharging2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top