Изграден во 1910 година, овој замок Scottish Castle денес е луксузно одморалиште на врвот на една планина во кинескиот Жеџијанг. Тој од неодамна е целосно обновен и реновиран, благодарение на архитектонското студио Shanghai Tianhua Architectural Design. Освен самата локација, магичниот панорамски поглед, она што сигурно ќе ве воодушеви во целата приказна, е и понудата, атмосферата, комбинацијата на современото и изворното, но на еден уникатен начин…
Тука, исто така, е и гастрономијата која посебно се истакнува во убаво уредениот ресторан. Незаобиколен е и надворешниот базен, во којшто ќе се чувствувате како да лебдите поради неговата специјална транспарентна конструкција, и можно е дека кога би го посетиле овој замок таму најмногу и би го поминувале своето време, што е и сосема оправдано.