Како да се уреди двор, како да користите различни материјали и кои растенија да ги изберете за да ја создадете вашата зелена оаза, погледнете го примерот на магично преуредување на запуштен двор направено од наградувано лондонско студио.
Оваа градина од 650 квадратни метри во југозападен Лондон долго била многу запоставена, со неодржувано зеленило и многу дрвја во лоша состојба. Сопствениците сакале да создадат помодерна, современа градина со камин, простор за седење и терен за бочање.
пред потоа
Комплетниот проект за преуредување направен е од Charlotte Rowe Studio, наградуван тим од експерти во областа на пејзажната архитектура и хортикултура, со богато портфолио на проектирање и уредување на дворови и зелени површини од различни видови.
Нивниот пристап подразбира дворот што се уредува да го следи вкусот и потребите на сопственикот, да биде поврзан со внатрешноста на куќата и да биде уреден едноставно и елегантно, со силни структурни елементи. За да се постигне ова, потребно е добро познавање и правилен избор на растенија за садење.
Дворот започнува со поплочен терасест дел, од англиски варовник, кој го пресекува хоризонтален воден елемент, опкружен со облаци од шишан шишмир, а на крајот се наоѓа коцка од полиран гранит, која е фокусна точка на овој дел од дворот. На поплочаниот дел сместени се лежалки за уживање во сонцето и погледот.
Скалите водат до главната градина со голем тревник и терен за игра, на кој се засадени прекрасни високи стебла од видот Amelanchier, од семејството рози, осветлени ноќе и врамен е со низ дрвја на граб (Carpinus betulus) резани и обликувани во правоаголна форма.
Повеќеслојната зелена ограда ја прикрива висината на скалите и потпорните ѕидови, а камените клупи се поставени во сенката на новите дрвја.
На дното на скалите, сместена е делумно покриена тераса, во вид на дрвен летниковец со камин. Покриен со пергола и заштитен со околното зеленило е идеално место за одмор и дружење. Мебелот во градината е направен по мерка од тиковина, со перничиња изработени од материјал отпорен на временски услови.
Изборот на садници е воден и по палетата на одбраните доминантни бои – зелена, крем и боја на лимета, па на листата на избрани растенија се и lex crenata, Hebe angustifolia parviflora, Myrtus communis Tarentina, Parrotia persica, Fraxinus angustifolia, Osmanthus heterophyllus, Carpinus betulus.