Од 8 до 12 јуни оваа година во Париз ќе биде одржан тренинг за енергетска ефикасност во економијата на земјите во развој. Обуката е наменета за креаторите на политики во земјите во развој и поделена е на тематски целини: енергетска ефикасност во зградите, осветлувањето и опремата, индустријата и транспортот. Ќе се одржи во седиштето на Меѓународната агенција за енергија во Париз.
Работен јазик е англискиот, а учеството бесплатно. Учесниците мора сами да ги покријат трошоците за пат и сместување, иако постои можност и за поддршка од Меѓународната агенција за енергија и нејзините партнери. Рокот за пријавување за овој настан е 20 март 2015. Повеќе информации на следниот линк: http://www.iea.org/training/eetw2015/#Course3