Во Мадрид, од 20 до 21 април ќе се одржи дваесет и седмиот по ред форум за пазарот на гас. Тема на форумот е прекуграничната трговија со гас, со примарен осврт на техничките и комерцијалните проблеми во создавањето на целосно оперативен внатрешен пазар со гас. Мадридскиот форум се одржува од 1999 година. Меѓу учесниците се и националните регулаторни органи, Европската комисија, оператори на системите за пренос, снабдувачи, трговци, потрошувачи и сл.